Приказна за легендарниот меч на свети Михаил: Седумте манастири од Ирска до Израел прават совршена линија

Имагинарната линија поврзува седум манастири, од Ирска до Израел. Манастирите се илјадници километри оддалечени од себе, а сепак прават совршена линија.

Линијата на свети архангел Михаил според легендата го претставува ударот што тој му го нанел на ѓаволот, праќајќи го во пеколот.

Тоа што е неверојатно е како манастирите се распоредени, а исто така е прилично интригантно што трите најважни места, Mont Saint Michel во Франција, Sacra San Miguel во Вал де Суса и Monte Sant’Angelo, се меѓусебе подеднакво оддалечени.

Почеток во Ирска

Покрај сето тоа, светата линија е совршено усогласена и со залезот на сонцето на денот на летната рамноденица на Северната хемисфера.

Линијата тргнува од Ирска, од пустиот остров на кој ангелот Михаил му се укажал на свети Патрик за да му помогне да ја ослободи таа земја од ѓаволот.

Потоа продолжува кон југ и запира на островчето St. Michael’s Mount во Англија. Таму свети Михаел разговарал со рибарите.

Светата линија продолжува кон Франција на едно од местата на кои се појавил свети Михаил. Тоа е едно од најпосетуваните туристички места во цела Франција, а било сметано за мистично уште од времето на Галите.

Линијата завршува во Израел

По околу 1.000 километри, во Вал де Суса се појавува четвртото светилиште – Sacra di San Michele. На следните 1.000 километри линијата доаѓа до светилиштето свети Михаел, а потоа продолжува до островот Сими во Грција. Во тој манастир се наоѓа кип на свети Михаил висок три метри, еден од најголемите во светот.

Светата линија завршува во Израел, во манастирот Mount Carmel, во Хаифа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот