Приказна за еден остров (ГАЛЕРИЈА)

Зад седум гори и седум мориња, зад седум планини и седум долини се наоѓа еден навистина прекрасен остров. И на островот езеро. И на езерото остров. И во езерото остров. И на крајот од езерото повторно едно мало островче кое претставува изгаснат кратер на вулкан. Потсетува на вистински почеток на некоја бајка, зарем не?

Имено, на јужниот дел на островот Лузон, кој припаѓа на Филипините, се наоѓа овој можеби единствен случај. На островот Лузон има езеро, наречено Тал, во кое се наоѓа и вулканскиот остров со истото име. А во рамките на овој остров може да се види уште едно мало езеро во кое повторно се наоѓа мала вулканска точка.

Можеме да се согласиме дека ова е една исклучително ретка и многу интересна убавина, која сведочи за тоа колку нашата планета сè уште не е истражена и дека уште многу поубави, а понекогаш можеби и вака очигледни работи чекаат да бидат препознаени и откриени, и се можеби токму во ваша близина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот