Пријави за семејно насилство во СВР Тетово: Еден ја нападнал сопругата, друг се заканувал на татко му дека ќе го убие

СВР Тетово / СП. архива

Тетовската полиција ноќеска приведе две лица кои биле пријавени за два случаја на семејно насилство. Во првиот, 50-годишник физички ја нападнал сопругата, а во вториот 26-годишник му се заканил на татко му дека ќе го убие.

– Во 20 часот на улица „Видое Смилевски-Бато” во Тетово е лишен од слобода е 50-годишниот тетовец Т.С., кој околу 18:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал 44-годишната сопруга. Во 21 часот, пак, на улица „Ѓорче Петров” во Тетово е приведен е 26-годишниот тетовец Џ.И., кој околу 20 часот го малтретирал и му се заканил по животот на неговиот 56-годишен татко Џ.И, информира денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за документирање и за расчистување на случаите по што ќе следува соодветен поднесок.

– Во текот на јануари во СВР Тетово се евидентирани шест кривични дела поврзани со семејно насилство од кои четири со нанесување телесна повреда, а две со загрозување сигурноста. СВР Тетово има поднесено кривични пријави за 5 сторители за тетовскиот регион, информира Јосифоски.

Во јануари има поднесено вкупно 23 поплаки за семејно насилство во кои жртвите не побарале кривичен прогон за сторителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот