Пријавете ги неправилностите во работата на ЈП „Градски паркинг“!

ЈП „Градски паркинг“ започна со кампања за подобрување на услугите според потребите на граѓаните кои ги користат паркиралиштата што се во надлежност на ова претпријатие.

Под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“ целта на кампањата е да се охрабрат граѓаните да пријават неправилности во рамки на работењето на претпријатието, како што се: неиздадена фискална сметка, несоодветно однесување на вработен, корупција и слично. Тоа можат да го направат на мејлот [email protected] или со повик на телефонот 0800 11 300.

Сакаме да ја запознаеме јавноста дека ЈП „Градски паркинг“ нема да толерира несоодветно, неетичко, корумптивно или било какво друго незаконско однесување. Раководството на претпријатието се стреми кон подобрување на услугите, кон поголема транспарентност во работењето, поголема ефикасност и кон зголемување на довербата кај корисниците на услуги.Секое пријавување ќе биде детално проверено и секаде каде што ќе има основ ќе се преземат соодветни мерки за санкционирање – вели директорот Бојан Христовски.

Кампањата се реализира преку делење на информативни флаери и анкети на корисниците на затворените паркинзи и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“.

Анкетните листови можат да се најдат на наплатните пунктови и да се пополнат, а потоа да се остават во кутија која ќе биде поставена на сите затворени паркинзи како и во катните гаражи. Делењето на флаери и анкети ќе трае три дена, а анкетите за пополнување на наплатните пунктови ќе бидат достапни до крајот на мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот