Седуммина починати пациенти и 460 нови случаи на ковид-19

Ковид-центар во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на ковид-19: Скопје – 185, Прилеп – 54, Битола – 45, Кавадарци -28, Берово – 20, Куманово – 15,Гевгелија – 11, Велес – 10, Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево – по 9, Кочани и Крива Паланка – по 7, Кратово – 5, Неготино и Валандово – по 4, Струга, Виница и Македонски Брод – по 3, Струмица , Ресен, Крушево, Македонска Каменица , Пехчево и Дојран – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Дебар, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 543 оздравени пациенти од: Скопје – 234, Битола – 54, Прилеп – 31, Куманово – 25, Кавадарци – 23, Штип и Охрид – по 20, Кочани – 15, Велес – 14, Струмица – 13, Гевгелија и Ресен – по 12, Тетово – 9, Радовиш, Берово и Делчево – по 7, Неготино и Демир Хисар – по 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Кичево и Богданци – по 4, Струга – 3, Виница – 2, Свети Николе, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (63г, 67г и 83г), 2 починати лица од Битола ( 66г и 83г), и по едно починато лице од Куманово (79г), и Берово (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 2.10.2021 до 27.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Битола (1), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 70г до 88г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Направени се 2424 тестови преку: ИЈЗ-332, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–11, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-69, Авицена-151, Биотек-164, Систина-81, лабораторија Лаор-69, Синлаб-28, Ремедика-30, Плодност–40, Генеа-13, Никоб лаб-217, ВФВ Медикал-25, Ели Медика-22, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–1,Жан Митрев Струмица–9,Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 869.

Досега во земјата се направени вкупно 1 471 420 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215 585, бројот на оздравени пациенти е 200 003, на починати е 7581, а бројот на активни случаи изнесува 8001.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот