Пријавени две семејни насилства во еден ден во Тетово

Фото: Profimedia

Во тетовската полиција во текот на вчерашниот ден се пријавени два случаи на семејни насилства.

Шеесетгодишна жителка на Тетово во 15 часот во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот 65-годишен сопруг подолго време психички ја малтретирал, и се заканувал по животот и во алкохолизирана состојба, се обидел физички да ја нападне.

Вториот случај пријавен во полиција е од дваесетгодишен жител на тетовско село вкој во неговиот дом, по куса расправија, физички бил нападнат од 40-годишниот вујко

За двата случаи велат од МВР се преземени активности за документирање и расчистување на пријавите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот