Пријава за обезбедувачот кој пријави лажна бомба „Сити мол“

Деветнаесетгодишниот скопјанец кој бил вработен во агенција за обезбедување е обвинет за лажно пријавување.

Лажно пријавување на кривично дело, гласи кривичната пријава која ја поднесе Основното јавно обвинителство од Скопје против 19-годишен скопјанец, вработен во агенција за обезбедување на трговскиот центар „Сити мол“, кој пред два дена лално пријавил дека во објектот е поставена бомба, по што следеше целосна евакулација и потрага по непостоечката бомба.

Од ОЈО велат дека сега обвинетиот преку својот мобилен телефон пристапил на интернет страната www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина:

„Напуштете го молот веднаш, има бомба“.

Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар. Во исто време била ангажирана и екипа од Одделот за антитероризам во МВР кои утврдиле дека во објектот нема поставено експлозивна направа.

Јавниот обвинител, заради непречено водење на постапката, побара на лицето да му бидат определени четири мерки на претпазливост забрана за напуштање на живеалиште, повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот