Пријава за малолетник кој со остар предмет повреди врсник во Скопје

Фото: Илустрација

СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 од Кривичниот законик.

На 27.09.2022 на ул.„Рокомија” во Скопје, тој со остар предмет нападнал и повредил друг 14-годишен малолетник од Скопје.

По преземени мерки и активности, тој бил пронајден и приведен и во присуство на родител со него бил извршен службен разговор во полициска станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот