Пријава за лажен наставник по математика

Фото: МИА

Кумановската полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава број против С.З.(51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Тој набавил фалсификувана диплома од Универзитет во Приштина, со која се стекнал со квалификација на степен „професор по математика“.

Дипломата ја употребил како вистинска во општинско основно училиште „Бајрам Шабани“ Куманово, каде склучил договор за работа и засновал работен однос на определено време.

До 2017 година му биле изготвувани повеќе договори за работа на определено време, при што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во износ од платите што му биле исплаќани од буџетот на Република Северна Македонија од 1 декември 2011 до 5 мај 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот