Пријава за двајца насилници од Пробиштип

Македонска полиција/ Фото: Миа

Тие од МВР се осомничени за сторено кривично  дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.

Двајца жители на Пробиштип од полицијата заработија кривични пријави за сторено кривично  дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. Станува збор за поднесе 41-годишниот З.Т.(41) и две години постариот Т.А..

Во полициската пријава е наведено дека на први овој месец пред угостителски објект во Пробиштип, З.Т. го нападнал Д.Ѓ., кој работел како обезбедување на објектот, по што Т.А. искористил прилика и физички го нападнал З.П., исто вработен како обезбедување на објектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот