Пријава против „непознат сторител“, откако Колинда изјави дека на сопругот му бил нуден статус на бранител

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Како што пренесе порталот inderx.hr веќе е најавена пријава против „непознат сторител” бидејќи Грабар-Китаовиќ мора да пријави дека таков статус е нуден, бидејќи според овие информации тоа би било кривично дело.

По изјавата на кандидатката за претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, дека на нејзиниот сопруг Јаков му бил понуден статус „бранител”, а тој тоа го одбил, со сооштение се јави Министерството за одбрана.

Во соопштението пишува дека Јаков Китаровиќ како вработен во Министертвото за одбрана во периодот од 1994 до 1996 години го остварил статусот на бранител, но никогаш не искористил ниту едно право кое произлегува од Законот за хрватски бранители, јави дописникот на МИА од Загреб.

Изјавата на Грабар-Китаовиќ дека на Јаков Китаровиќ му бил нуден статус на бранител, а тој одбил, предизвика низа реакции во јавноста и медиумите. Како што пренесе порталот inderx.hr веќе е најавена пријава против „непознат сторител” бидејќи Грабар-Китаовиќ мора да пријави дека таков статус е нуден, бидејќи според овие информации тоа би било кривично дело.

Во овој момент во Хрватска има 505.000 реистрирани бранители.

Инаку, овие недоразбирања доаѓаат непосредно пред вториот решавички круг од претседателските избори кој се одржува в недела на 5 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот