Утрово било пријавено дека возило од марката „мерцедес” во сопственост на Агенцијата за примена на јазиците е запалено во скопското село Визбегово. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека пожарот е изгаснат и извршен е увид.
– Утрово околу 03.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Визбегово, настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Агенција за примена на јазиците, кое било паркирано во близина на влезната врата на куќата на И.С. (43), се наведува во соопштението на МВР.