Пријателскиот однос на Трамп и Ердоган го стави во втор план рускиот С-400 и Курдите во Сирија

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Американскиот претседател Доналд Трамп на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од Белата куќа го пофали заедничкиот однос на двајцата лидери, кои се состанаа за да ги надминат разликите меѓу двете земји, сојузници во НАТО, пренесоа медиумите.

Американско-турските недоразбирања тргнуваат се од политиките кон Сирија, па до купувањето на одбранбениот систем на Турција од Русија, пренесе „Ројтерс“.

Топлото добредојде на Трамп за турскиот претседел доаѓа во момент кога американскиот Конгрес протестира против офанзивата на Турција во Сирија за протерување на курдската милиција, главниот партнер на Вашингтон во борбата против Исламска држава.

– Ние сме пријатели долго време, речиси од привот ден. Ја разбираме земјата на другиот. Разбираме од каде доаѓаме – му рече Трамп на Ердоган во Белата куќа.

Трамп за Ердоган и неговата сопруга Емина кажа дека се многу почитувани во својата земја и во регионот.

Зборувајќи за Сирија, Трамп рече дека примирјето во таа земја многу добро се одржува. Исто така додаде дека односот на САД и Турција е добар, како и дека неговата администрација разговара со Курдите, кои, како што изгледа, се задоволни, пренесе „Ројтерс“.

Американскиот претседател наведе дека со Ердоган подоцна ќе разговара за рускиот ракетен систем и потенцијалниот билатерален трговски договор вреден 100 милијарди долари.

– Ние исто така ќе разговараме за трговски договор. Значително ќе ги прошириме нашите трговски врски – додаде Трамп.

Пред Белата куќа се собраа и демонстранти кои ја осудија посетата на Ердоган и го повикаа Трамп да ги заштити Курдите на кои им се заканува турската офанзива во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот