Пријателките од „Пријатели“ на доделувањето на „Еми“: Цимерки сме од 1994 година!

Profimedia

Глумиците од една од најгледаните и најомилени серии „Пријатели“, направија мало изненадување на доделувањето на наградите „Еми“.

51- годишната Џенифер Анистон, 56-годишната Кортни Кокс и 57-годишната Лиса Кудроу во еден момент се појавија во заедничко видео претходно снимено во домот на Џими Кимел во Лос Анџелес.

Тие се преправаа дека сѐ уште живеат заедно, а им се придружи и глумецот Џејсон Бејтман кој за таа пригода го одглуми Рос.

Секако дека сум тука, ние живееме заедно! Да, цимерки сме од 1994 година“, рече Кортни.

Ова минисобирање се случи по веста дека снимањето на специјалното и долгоочекувано издание на Пријатели ќе биде одложено за 2021 година поради коронавирусот.

View this post on Instagram

Who made the first move?

A post shared by Friends (@friends) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот