„Пријателите“ на Русија – Кина, Турција и Емиратите, се приклучија кон западните санкции за руските банки

Потпретседателот на руската банkа Росбанк, Александар Рахманин, денеска изјави дека земји кои Русија ги смета за „пријателски“, наспроти очекувањата, целосно се приклучиле кон западните санкции против руските банки.
Банките од Кина, Турција, Обединетите Арапски Емирати, па дури и постсоветските републики, вклучувајќи ги Казахстан, Узбекистан, Киргистан и Туркменистан, одбиваат да работат со руските кредитни институции кои се под западни санкции.
„Очекувањата дека редот на оние кои сакаат да ѝ помогнат на Русија ќе се наредат во Кина се покажаа залудни: најголемите „држави“ – Банката на Кина, ИЦБЦ, Кинеската банка за изградба – одбиваат да прифатат плаќања од банките од Руската Федерација кои потпаднаа по санкциите“, рече Рахманин.
Исто така, не е секогаш можно да се заобиколат ограничувањата преку тргување во јуани.
„Целата (кинеска) платежна инфраструктура е насочена кон СВИФТ. И ако руската банка е исклучена од СВИФТ поради санкционирани или несанкционирани причини, тогаш, соодветно, таа престанува да има пристап до прекугранични плаќања“, рече рускиот директор.
Повеќе од 20 руски банки се ставени под санкции од ЕУ и САД, а девет од нив, вклучувајќи ги Сбербанк, ВТБ, БЕБ, Откритие и Роселхозбанк, беа исклучени од СВИФТ.