„Пријатели“ се враќаат на малите екрани!

Фотографија: Profimedia

Петнаесет години после емитување на последната епизода, легендарната шестка од „Пријатели“ е во преговори околу повторно обединување кое би требало да се прикаже на платформата HBO Max, пишува Hollywood Reporter.

Освен Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мат ле Бланк, Давид Швимер и Метју Пери, во преговорите се вклучени и креаторите на серијата – Дејвид Крејн и Марта Кауфман.

Изворите предупредуваат дека договор се уште не е постигнат и дека постои можност преговорите да пропаднат, но сите се оптимистични. Во неодамнешниот разговор со Елен Деџенерис, Анистон потврди дека актерската екипа на „Пријатели“ работи на нов проект.

„Сакаме нешто да работиме, но не знаеме што точно. Затоа се обидуваме. Работиме на нешто“, откри тогаш актерката.

View this post on Instagram

And now we’re Instagram FRIENDS too. HI INSTAGRAM ??

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

„Пријатели“ завршија со емитувањето на серијата во 2004 година, после 10 успешни сезони.

А еве како сите се чувствуваме кога ќе слушнеме дека „Пријателите“ повторно се враќаат:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот