„Пријатели” повторно заедно поради снимање на специјал

Profimedia
Profimedia

Актерската постава на светски познатата серија „Пријатели” повторно ќе се обедини за снимање на специјал – долгометражна епизода.

„Пријателите” ќе се обединат по 15 години со цел да снимат специјал, епизода која ќе се емитува по пат на стриминг сервисот „HBO Max”, а кој започнува со работа во мај.

Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер уште еднаш ќе соработуваат и со тоа ќе ги израдуваат своите бројни фанови.

Пери на Инстаграм напишал „It’s happening…” (Се случува) и објавил фотографија од актерската екипа од 90-тите. По него, истата објава ја споделиле и останатите актери.

Серијата „Пријатели” се прикажуваше од 1994 до 2004 година, а последната епизода ја гледале 52,5 милиони луѓе во САД, што значи дека била најгледана во 2000-тите. Исто така, серијата подоцна привлече голем број помлади гледачи преку „Netflix”.

Гласините за новото „здружување на силите” се појавија кога Анистон објави заедничка фотографија од сите нив на Инстаграм во октомври.

View this post on Instagram

And now we’re Instagram FRIENDS too. HI INSTAGRAM ??

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот