Пријатели на Анџелина Џоли тврдат: Бред Пит се обиде да ја замолчи за злоставувањето на нивното дете

„Војната“ меѓу поранешните сопружници Анџелина Џоли и Бред Пит никако да запре. Имено, откако успеа да докаже дека Џоли одбила да му го продаде својот дел од заедничката винарија „Миравал Шато нувел“, бидејќи се чувствувала „одмаздољубиво“ кон него, Пит поднесе нови судски документи.
Но, извор близок до актерката тврди дека Џоли не го откажала договорот за винаријата затоа што сакала да му се одмазди на својот поранешен сопруг, туку затоа што Пит се обидел да ја спречи да зборува за неговото злоставување на нивните деца.
Познато е дека Пит беше обвинет за „гушење и удирање“ на едно од нивните деца за време на неславниот приватен лет во 2016 година, како и за „истурање пиво“ врз Џоли.

Цитирајќи ги судските документи поднесени во 2022 година, пријателот на Џоли изјави: „Вистината е дека (тој) одби да ја заврши продажбата на ‘Миравал’ со Џоли, освен ако таа не се согласи да молчи за злоупотребата… Тој бараше да се задржат 8,5 милиони долари (од неговата исплата за винаријата) за да ја принуди да молчи“.
Изворот близок до актерката додаде дека без разлика каков маневар се обидел да направи Пит, „не може да избега од фактот дека вербално и физички ја нападна госпоѓа Џоли и нивните деца, па дури и го гушел едното од децата, а другото го удрил“.
Како потсетување, Џоли му го продаде својот дел од винаријата на рускиот олигарх Јуриј Шефлер минатата година, поради што Пит ја тужеше. Пит признал дека неговата поранешна сопруга вложила 40 отсто од куповната цена од 28,4 милиони долари, но тврдеше дека само тој е одговорен за успехот на винаријата. Исто така, Пит тврдеше дека според условите на нивниот развод во 2019 година, тој и Џоли се согласиле и „заемно разбрале“ дека ниту еден од нив не може да го продаде својот дел од винаријата без согласност на другиот.
„Секогаш ќе се сеќавам…“: Се појави емотивна преписка на Анџелина Џоли и Бред Пит