Придружните вокали на Андреа за Евросонг 2022 се Ана Петановска и Рената Кралевска

Андреа Коевска/Инстаграм
Андреа Коевска/Инстаграм

Во пресрет на 66-то издание на „Евровизија“, македонската претставничка Андреа ги засилува подготовките за Торино. На сценските движења работи со Билјана Пашариковска.

„Ова е многу личен проект и одлучивме луѓето кои ме познаваат најдобро да бидат дел од него. Билјана е човек кој не само што ми помага да ја почувствувам сцената како мој дом, туку ми дава и поддршка и стабилност. За сценскиот настап не би откривала многу, освен дека акцентот е ставен на мојата автентична експресија и движењата само ја поддржуваат“ – изјави Андреа.

Младите вокалистки Ана Петановска и Рената Кралевска ќе бидат придружни вокали на нашата евровизиска претставничка во Торино. Андреа го сподели и видеото од нив три како ја исполнуваат евровизиската „Еуфорија“ на шведската претставничка Лорин, која победи во 2012

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea (@andreamusic20)

Ана Петановска е матурантка во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Професионално со музика се занимава 5 години, а од својата најрана возраст активно е музички ангажирана преку учество во бројни музички натпревари. Минатата година беше учесник на „Аларм“ фестивал и настапуваше на Василичарскиот концерт со Македонската филхармонија.

Рената е македонски пејач и автор со бројни национални и интернационални достигнувања во кариерата. Во сите свои проекти се потпишува како автор, вклучувајќи и песни за други македонски и странски изведувачи. Моментално студира соло пеење на отсекот за популарни жанрови при Музичката академија во Скопје.

Андреа пак, стајлингот целосно и го довери на стилистката Цаци Паковска, со која работеше и на видеоспотот за „Circles“.

Добар тренинг за она што ја очекува Андреа во Торино се и промотивните настани, а по гостувањата во Црна Гора и Романија, следни на агендата се Лондон, Тел Авив и Мадрид.

„Мразот го скршив во Романија каде за прв пат ја испеав песната во живо. Тремата ја победив и сега само преостанува да вежбам и да излезам на 12. мај како најдобрата верзија од себе “-искрено вели Андреа.

„Евровизија“ годинава ќе се одржи во две полуфиналиња на 10 и 12 мај и едно финале на 14 мај, а Андреа настапува во втората половина на второто полуфинале на 12 мај.

Разговор со Андреа во пресрет на Евровизија: Кога веруваш во себе и својата песна, тоа е доволно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот