Причини, третман, превенција: Вродени срцеви заболувања

Фото: Промо

Станува збор за низа малформации на структурата на срцето и/или на големите крвни садови, кои се создаваат во феталната фаза, а можат да се откријат за време на бременоста, за време на породувањето или во одреден момент подоцна во животот.

Оваа тема иако безброј пати обработувана, сепак е актуелна и предизвикува интерес кај широката популација, поради фактот што станува збор за вродено заболување.

Затоа да се потсетиме:

Што се вродени срцеви заболувања?

Тие се низа малформации на структурата на срцето и/или на големите крвни садови, кои се создаваат во феталната фаза, а можат да се откријат за време на бременоста, за време на породувањето или во одреден момент подоцна во животот.

Кои се причините за појава на оваа болест?

Според Светската здравствена организација (СЗО), причините можат да бидат од генетско потекло, инфекции, фактори поврзани со животната средина и нутритивниот статус на мајката. Иако во 50% од случаите на генетски абнормалности многу е тешко, скоро невозможно да се идентификува причината.

Повеќето срцеви абнормалности може да се дијагностицираат за време на бременоста преку ултразвук на фетално срце. Сепак, симптомите може да се појават при раѓање или месеци по породувањето, во зависност од условите. Во некои случаи, може и со години да не се појават.

Третман на вродени срцеви мани

Во зависност од видот на срцевата болест и нејзиното влијание, третманите обично се хируршки и се изведуваат од високо специјализирани мултидисциплинарни тимови, кои се лековити во значителен процент од случаите, иако повремено се изведуваат палијативни операции.

Превенција

Бидејќи кај повеќе од половина од случаите не ја знаеме причината за овие вродени срцеви заболувања, најдобар начин за нивно спречување е раното откривање, преку фетална ехокардиографија за време на бременоста или со педијатриски кардиолошки преглед на детето при раѓање.

Вродени срцеви заболувања кај адолесценти и возрасни

Се проценува дека најголем број од пациентите оперирани во неонаталниот период достигнуваат зрелост и водат нормален живот.

За да се обезбеди грижа за сите пациенти со вродени срцеви заболувања, потребна е соработка на мултидисциплинарни тимови за да се понудат соодветни совети, дијагноза и третман за возрасните.

Мултидисциплинарниот тим на одделот за кардиологија во Клиничката болница „Жан Митрев“, вклучува кардиолози, педијатриски кардиолози, интервентни кардиолози, кардиохирурзи, како и анестезиолози и интензивисти високо специјализирани за пациенти со вродени срцеви заболувања, кои периодично се состануваат за да разговараат и заеднички да го одберат најдоброто решение и терапија за секој пациент.

Доколку страдате од вродени срцеви заболувања и/или имате прашања, можете да го закажете вашиот преглед на 02 3091-484. Во моментов кардиоваскуларниот пакет е со намалување од -20%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот