Причината е страшна: БРИТНИ СПИРС го изгуби старателството над децата

Instagram

Бритни Спирс наводно го изгубила старателството над децата бидејќи едно од нив било нападната од нејзиниот татко, Џејми Спирс.

Поранешниот сопруг на Бритни, Кевин Федерлајн, на 25 август го пријавил Џејми Спирс во полиција бидејќи наводно тој го нападнал неговиот постар син. ТМЗ пишува дека кавгата се случила во домот на Џејми, а дедото во еден момент ги ставил рацете на детето, но тоа не било повредено.

Деталите за настанот се појавија во јавност неколку часа откако американските медиуми дошле до судските документи во кои се гледа дека Федерлајн добил 70% старателство над децата, додека Бритни право на 30% старателство без надзор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот