Причина за укинување на азилот на Асанж - Слободен печат
ВестиПланета

ПОРАДИ ОВАА СЛИКА МУ Е УКИНАТ АЗИЛОТ НА АСАНЖ: Претседателот на Еквадор фатен во незгодна ситуација

Поради тоа Морено го обвини и Асанж за шпионирање, односно дека му го хакирал приватниот телефон.

Како што пренесуваат многубројни западни медиуми, претседателот на Еквадор Ленин Морено, го укинал азилот на Асанж откако во јавноста се појавија повеќе од 200 негови приватни пораки и фотографии како со сопругата ужива во луксузен одмор во Европа и консумира јастог во хотелски кревет.

Тие фотографии предизвикаа голем револт во јавноста во Еквадор, во моменти кога шефот на државата воведе мерки на штедење во земјата. Морено го обвини Асанж дека стои зад објавувањето на овие фотографии, но основачот на Викиликс го демантираше тоа.

Претседателот на Еквадор ужива во раскош во хотелска соба

Поради тоа Морено го обвини и Асанж за шпионирање, односно дека му го хакирал приватниот телефон.

На Асанж му се заканува да биде испорачан во Шведска, каде се гони за сексуално злоставување, како и САД, каде го бараат поради објавување на стотици доверливи документи.

Во Америка тој е обвинет за предавство и загрозување на националната безбеднот, поради што би можел да биде осуден и на смртна казна или доживотна робија.

Погледнете го неговото апсење. 

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close