При стресни ситуации јадете киви: Ослободуваат вознемиреност и помагаат при варење на храната

unsplash

Кивите се одличен извор на витамин Ц, антиоксиданти и растителни влакна. Ова фантастично овошје содржи траги на повеќе од 40 минерали, одлично е за дијабетичари, ги намалува мастите во крвта и помага во стресни ситуации затоа што биоразградливата гликоза ги храни невроните и ја ублажува вознемиреноста.

Содржи многу аминокиселини, вклучувајќи серин, леуцин и лизин кои ја зголемуваат хлороводната киселина и ги ублажуваат стомачните тегоби. Исто така помага при проблеми со варењето на храната бидејќи поддржува ензими, коензими кои ги држат под контрола непродуктивните бактерии, вируси, паразити и други штети материи.

unsplash

Покрај присутноста на Ц витамин, антоцијанин и фенолна киселина, која се наоѓа во семето на кивите, тие помагаат да се отстранат радиоактивните токсини и вируси во телото. Фитонутриентите, флавоноидите и каротеноидите имаат докажано антиоксидантно дејство.

unsplash

Кивите содржат витамин К и траги на калциум и фосфор, а сите овие хранливи материи придонесуваат за здравјето на коските. Соодветниот внес на витамин К помага во спречување на остеопороза.

unsplash

Вклучете ги кивите во вашата дневна исхрана, едноставно излупете и јадете. Направете си овошен коктел од киви, ананас, манго и јагода. Или направете си зелено сути од киви, спанаќ, јаболка и курши. Замрзнете парчиња киви и јадете ги како ужина или десерт после јадење. Додадете парчиња киви во салата подготвена од спанаќ, ореви, брусница, јаболка исечени на коцки, фета сирење и благ прелив од вински оцет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот