При претрес во куќа во Куманово, приведен дилер на дрога

Фото: МВР / илустрација

Денеска во 10.00 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Д. од Куманово.

Имено, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 6 опаковки со кокаин, две опаковки со марихуана и околу 50.000 денари.

Лицето е приведено во СВР Куманово, за случајот е известено Основното јавно обвинителство Куманово и по негово целосно документирање ќе следи соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот