При пад на „Пајпер“ авион во Тенеси: Загинаа тројца воздухопловни гардисти на САД

Фото: wdef.com

Две жени и маж загинаа при пад на мал авион што се урна во американската сојузна држава Тенеси. Како што пренесуваат медиумите во САД, сите загинати биле припадници на Воздухопловната национална гарда и се наоѓале во едномоторен авион „Пајпер ПА-28″.

Трагедијата се случила во близина на аеродромот во Мекминвил, југоисточно од Нешвил, а авионот се урнал кратко по полетувањето, додека пилотот се обидувал да се врати на аеродромот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот