При обид за киднапирање на гувернерката на Мичиген: Уапсени 13 лица

Фото: freep.com

Тринаесет лица, вклучително и седум мажи поврзани со милитантната група „Волверин вочмен”, се уапсени во САД поради заговор за уривање на Владата во американската сојузна држава Мичиген и киднапирање на гувернерката Гретчен Витмер пред одржувањето на претседателските избори на 3 ноември, соопшти обвинителството.

Според медиумите, шест лица се уапсени под федерални обвиненија, а останатите седум под обвиненија на сојузната држава Мичиген.
Демократката Витмер е често критикувана од претседателот Доналд Трамп, особено поради настојувањето во својата држава да воведе строги мерки за социјална дистанца поради коронавирусот.
Наводниот заговор подразбирал ангажирање на милитантна група, се наведува во дадениот писмен исказ под заклетва на специјалниот агент Ричард Траск. Во писмената изјава Траск рече дека групата планира да го искористи времето пред последната вежба за набавка на пари за експлозив и други материјали.
Според јавниот обвинител на Мичиген, Дан Несел, „напорите резултирале со откривање на планови за загрозување на животите на полицајци, владини службеници и пошироката јавност”.

На шестмината претходно уапсени, доколку бидат осудени за обид за киднапирање, им се заканува доживотен затвор.

Еден од осомничените Адам Фокс минатиот месец во шифриран разговор изјавил дека „не сака последниот тренинг да се одржи во последната недела од октомври, бидејќи нема да имаат доволно време да го извршат киднапирањето пред изборите на 3 ноември”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот