При напад на курдските сили во Сирија загина еден турски војник

Фото: Профимедиа

Еден турски војник загина, а еден е повреден при денешниот напад на така наречените Единици за заштита на народот во градот Тел Абјад, североисточна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека припадници на Единици за заштита на народот со противтенковско и лесно оружје ги нападнале турските војници кои извршувале извидувачки и набљудувачки мисии во градот.

Турското Министерство за одбрана истакна дека е одговорено на нападот, како и оти Анкара и покрај насилството останува посветена на договорот за примирје.

Турција и САД во четвртокот договорија привремено примирје во рок од пет дена, додека курдските сили не се повлечат од „безбедносната зона”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот