При крај на сезоната стигнаа ваучерите за одмор

Охрид./ Фото: Архива на Слободен печат

Вчера, Министерството за економија ја објави листата на граѓани со ниски доходи, кои може да го подигнат ваучерот од 12.000 денари за одмор во некое од македонските туристички места. За оние што се од Скопје, ваучерите од вчера се подигаат во Министерството, а другите ќе ги добијат по пошта. На листата има повеќе од 3.000 граѓани.

На социјалните мрежи имаше негодувања во однос на тоа кој добил, а кој не добил ваучер, а хотелиерите, пак, забележуваат дека мерката е задоцнета.

Мислам дека многу мал процент ќе се искористат. Ваучерите беа наменети за фамилии со ниски примања да направат летни одмори, кои наскоро ќе привршат затоа што децата ќе почнат со училиште, а нема да можат да ги користат ни за зимскиот распуст затоа што рокот е до ноември. Единствено ако може да се вложат напори да се пролонгира рокот до крајот на јануари 2022 година, за да може да се искористат барем во зимските скијачки центри – изјави Крсто Блажевски, претседател на Хотелската асоцијација на Македонија во изјава за Радио Слободна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот