При изборот на пулс-оксиметар, одберете од докажан производител

AEROcheck® пулс-оксиметар е лесен за употреба, портабилен е и заштедува време. Високата прецизност на овој пулс-оксиметар е докажана во повеќе студии.

Поради пандемијата на коронавирусот, пулс-оксиметарот веќе неколку месеци е многу популарен. Станува збор за мал преносен медицински инструмент, кој ги мери срцевите отчукувања и нивото на сатурација на кислород во крвта. Оксиметарот е неинвазивен уред што ви овозможува да го измерите процентот на кислород (сатурација) присутен во крвта, срцевата фреквенција и интензитетот на пулсот. Се состои од сонда, односно „стегач“ што треба да се закачи на прстот, кој го спроведува мерењето, и единица што го пресметува и прикажува резултатот од мерењето на мониторот. Освен на прстот, оксиметарот може да се постави и на ушниот лобус (ресичката на ушната школка), додека кај новороденчињата сондата мора да се стави на ногата.

Оксиметарот ја има главната функција на мерење на сатурацијата на кислород во периферната артериска крв (SpO2). Кислородот, всушност, влегува во нашето тело преку белите дробови, но во случај на респираторни проблеми, може да помине во крвта во помала мера од вообичаеното: тоа што се случува со пациентите со коронавирус кои развиле таканаречена интерстицијална пневмонија. Оттука, пулс-оксиметрите се многу важни алатки за идентификување и следење на луѓето со оваа болест, дијагностицирање или исклучување на случај на пневмонија кога пациентот има други симптоми што се чини дека го покажуваат тоа.

Параметри на мерењата

Параметрите се јасни и прецизни. Вредностите на сатурација на кислород над 95 проценти, а особено помеѓу 94 и 98 проценти, се сметаат за нормални. Ако вредностите варираат помеѓу 91 и 94 проценти, тогаш пациентот има полесна форма на хипоксемија, што значи недостаток на оксигенација на крвта. Кај вредностите под 90 отсто, хипоксемијата се смета за изразена и потребно е да се корегира терапевтски,  ако пак вредностите се еднакви или под 85 проценти, тогаш станува збор за сериозна ситуација.

Оптималните вредности на оксиметарот исто така мора да ги земат предвид возраста и општата состојба на пациентот. Едно постаро лице, со други патологии, може да се смета за безбедно дури и со вредности на сатурација помеѓу 91 и 94 проценти, додека под оваа вредност е загрижувачки. Една млада и здрава личност, пак, веќе може да го  „вклучи алармот“ со вредности под 96 проценти. Други елементи што треба да се имаат предвид, што може да ја влошат сликата, се треска, кашлица и неправилно дишење.

Вредноста 100 измерена без вештачка администрација на кислород, исто така, може да биде симптом на хипервентилација, што може да се должи, на пример, на напади на паника.

Грешки што треба да се избегнат

Кога користите оксиметар, мора да обрнете внимание на: елиминирање на лакот за нокти, особено црниот, синиот или зелениот, што ги штити брановите должини генерирани од сондата, правејќи го мерењето некоректно; зголемувањето на телесната температура како резултат на вежбање или топла бања, што исто така може да предизвика релативно отстапување во отчитувањата; неправилно позиционирање, движења, вклучувајќи треска, кивање, кашлање итн., може да дадат исто така погрешно отчитување.

Одберете го најдобриот пулс-оксиметар

При изборот на оксиметар, важно е да одберете квалитететен оксиметар од проверен производител – каков што е AEROcheck® пулс-оксиметарот.

AEROcheck® – пулсниот оксиметар за на прст е портабилен, неинвазивен медициски уред за мерење на парцијална кислородна сатурација на крвта, користејќи го прстот.

Кислородната сатурација овозможува проценка на ефикасноста на транспортот на кислород, во прв ред преку дишењето. Таа е важен параметар во проценката на респираторната функција.

Овој уред има и бројни други предности – малиот и лесен пулс-оксиметар може да се пренесува во торбичка за транспорт. Варијабилниот екран обезбедува сеопфатен и читлив приказ на измерените вредности. Мерењето се одвива на прстот, со употреба на фотометричен сензор вграден во штипката за прст. Високата прецизност на пулс-оксиметарот е докажана во повеќе студии.

Погоден е за возрасни и деца (над 3 години) и е наменет за употреба во болници, медицински институции, при итни медицински услуги, како и во домашни услови.

Аптека „Бета фармација“ 1 ул. „Иван Милутиновиќ“ бр.24 Скопје, тел.02-3227-220

Аптека „Бета фармација“ 2 – ул. „Франклин Рузвелт“ бр.28/1-2 Скопје тел. 02-3256-799

(комерцијален текст)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот