Пргавите Камерунки под истрага на ФИФА

sportsport.ba

Англија со 3:0 го совлада Камерун во осминафиналето на женското Светско првенство во Франција, во натпреварот помина во знакот на срамното однесување на репрезентативките од Африка.

Нивното однесување беше контроверзно во текот на целиот натпревар.
Во 4. минута,  Увон Леуко со лакот ја удри во главата Никита Парис, по што дури се жали кај главната судијка за неспортска игра и добива жолт картон.
Во 13. Минута, Аугустин Ејангуе ја плукна Тони Дуган и помина без картон.

Во 45. минута, откако ВАР технологијата покажа дека голот на Англија е регуларен, репрезентативките на Камерун одбија да го продолжат натпреварот, а заканите продокжија и на полувремето кога ги обвинија надлежните од ФИФА за расизам.

Во 50. минута, ВАР технологијата го поништи голот на Камерунките поради офсајт по што тие неколку минути одбиваа да играат.
Во 68. минута, Жанет Јанго намерно ја гурна судијката од зад грб.
Во 90. минута, Александре Енголо намерно ја удри по ногата Стеф Хаутон.

Поради ваквото срамно однесување, Иша Јохансен, претседателката на Африканската конфередерација за женски фудбал побара ваквото срамно однесување да биде истражено.

– Иако сум бескрајно горда на африканските репрезентации кои учествуваа на СП за жени во Франција, натпреварот помеѓу Камерун и Англија фрли сенка на се, не само на женскиот фудбал во Африка, туку воопшто на фудбалот. Ова мора да се истражи и виновниците мора да бидат казнети – изјави Јохансен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот