ПРЕЖИВЕАВМЕ ПЕКОЛ! Јули бил најтоплиот месец во историјата, дури и на Арктичкиот круг било 34 степени!

Јули бил најтоплиот месец измерен на Земјата од кога почнало мерењето на температурата во во 1880 година, што е уште еден рекорд за кој научниците велат дека ги поддржува предвидувањата за климатските промени кои ги предизвикал човекот.

Американската национална администрација за океани и атмосфера соопшти денес дека месец јули бил за 0,95 степени Целзиуси потопол од просекот за тој месец во 20. век.

Со оглед дека јули е најтопол месец во календарот, метеоролозите велат дека тоа значи дека е поставен нов рекорд за тој месец во последните 140 години. Минатомесечните температури го надминале претходниот рекорд за јули, поставен во 2016 година за 0,03 степени.

Тој резултат е очекуван бидејќи неколку европски земји, како што се Франција, Белгија и Германија, пријавиле дека во јули ги надминале претходните национални температурни рекорди.

Во шведскиот Маркувинси забележано е врели 34,8 степени што е највисока температура измерена северно од Арктичкиот круг.

Според податоците на Американската национална администрација за океани и атмосфера, изминатиот јули 43 последователен пат се забележани температури над просекот за 20 век.

Јуни оваа година исто така е забележан температурен рекорд за тој месец за изминатите 140 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот