ВИДЕО | Преживеан од пожарот во Кочани: „Ако се продолжи вака, утре може да горат градинки и школи“

На граѓанскиот собир во Кочани попладнево, пред граѓаните се обрати Венко Крстевски, кој го преживеал пеколот во дискотеката „Пулс“ во неделата наутро.

Тој е поранешен независен советник во Општина Кочани. Рече дека и кафулето во сопственост на газдата на „Пулс“, кое вчера беше демолирано од гневните демонстранти, како и други локали во градот, се дивоградби, исто како кобната дискотека „Пулс“.

„Кој е крив за тоа? Општината, министерот за внатрешни работи. Мора со име и презиме да се каже секој кој носи титула и секој кој е крив. Ние кои преживеавме од дискотеката, ако останеме овде, ќе продолжиме да гинеме. Гинеме од нечист воздух, гинеме од несериозни институции, гинеме од корупција, гинеме од секаков вид на нефункционалност што ги го приредуваат самите носители на тие инситуции. Не може одговорноста да се сведува на луѓето кои се обезбедување, на тој што продава карти, значи срамота е. Денеска изгорела дискотека, утре ќе горат градинки и школи, ако се продолжи вака“ рече Крстевски, по што доби аплауз од насобраните граѓани.

Жителите на Кочани кои учествуваа на протестот порачаа дека „вистинските виновници треба да завршат позади решетки, а не дел од членовите на обезбедувањето кои се жртвуваа да спасат што повеќе луѓе во дискотеката“.

ВИДЕО | „Живееме во мртов град“: Кочанчани одржаа мирен протест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот