Преживеала три пандемии: Марија од Шпанија на 113 години го победи коронавирусот (ВИДЕО)

Марија Брањас, која има 113 години, за која се верува дека е најстарата Шпанка, се опорави од коронавирусот, објавија шпанските власти, пишува Би-би-си.

Таа била дијагностицирана со Kовид-19 откако земјата се затвори во изолација во март. Имала умерени симптоми и закрепнала.

Со своите 113 години Марија живеела во времето на пандемијата од грип 1918-19, пандемијата во 1936-39 и сега со коронавирусот.

– Сега кога се чувствува добро, сака да зборува, да објасни, да каже што мисли, да биде пак своја – напиша на Твитер нејзината ќерка.

Марија е родена во Мексико во 1907 година. За време на Првата светска војна се доселила во Каталонија со нејзиниот татко Шпанец, кој бил новинар. Родила три деца, едно од нив има 86 години, има 11 внуци од кои најстариот има 60 години и 13 правнуци.

– Само живеев, ништо друго – изјавила за шпански медиуми, лани.

Марија живее 20 години во дом за стари лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот