Преживеала страшна сообраќајна несреќа: Руска манекенка не сака да се погледне во огледало (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Фото: Инстаграм

Триесетишестгодишната Евгенија Сметанина која важи за една од најубавите руски манекенки, тврди дека не може да го гледа својот лик, бидејќи доживеала страшна сообраќајна несреќа.

Имено, манекенката одлучила да се вози со таканареченото „блабла“ возило и да заштеди пари од патувањата, а потоа и добро да се забавува. Но очигледно таа брзо се покајала, бидејќи возачот на овој автомобил заспал и така дошло до страшна сообраќајна несреќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сметанина Евгения (@evgeniya_smetanina) on

Таа на клиника преживеала клиничка смрт поради повреди на главата, а потоа се разбудила унакажана во лицето и како што таа вели, можеби ќе биде во количка целиот свој живот.

– Згрозена сум од моето лице. Не можам да се гледам себе си – со бес во себе и солзи изјавила младата манекенка.

Инаку таа е една од најуспешните руски манекенки, а во 2007 година Евгенија се натпреваруваше на државниот избор за најубава Русинка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот