Презентирана стратегија за локален економски развој на Битола

Фото: Васка М. Младеновска

Денес во Општина Битола беше презентирана нацрт-верзијата на Стратегијата за локален економски развој на Битола за периодото 2023-2027 година.

Во изработката на стратегијата техничка поддршка беше обезбедена од проектот на УСАИД „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите” а во нејзиното изготвување учествуваа претставници од бизнис секторот, Регионалната стопанска комора, советниците од Битолскиот совет и претставници од невладиниот сектор.

„Процесот на изработка беше воден од градоначалникот Тони Коњановски со локалниот Економско-социјален совет, при што е воспоставена соработка со универзитетот, Агенцијата за вработување, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, невладиниот сектор, Регионалната стопанска комора. Фокусот на оваа стратегија е да овозможи поголема вклученост на бизнис секторот во создавањето на општинските стратегии, како и развојот на приватниот сектор, за да се зголеми растот, развојот и вработеноста во Битола.Визијата на Стратегијата е Битола да биде економски силна општина, со поволна бизнис клима и оптимални инвестициски можности, атрактивна културно – туристичка дестинација, општина со имплементирани зелени и енергетски ефикасни решенија и развиена инфраструктура“, беше речено на презентацијата.

Инаку, по спроведената анкета со бизнис секторот и граѓаните идентификувани се силни, слаби страни, можности и закани, за да биде одредена визијата, стратешките цели, акцискиот план, шемата за финансирање и релевантните индикатори за мониторинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот