Презентирана фотографијата со изгледот на зградите кај „Холидеј Ин“

Изгледот на зградите кај хотелот „Холидеј Ин“ за првпат беше презентиран преку фотографија во „Топ Тема“ на Телма.

Архитектот Мартин Пановски рече дека во зградата се предвидени 400 станови, во кои би требало да живеат 1 200 до 1 300 луѓе.

Граѓаните претходно почнаа петиција со која бараат стопирање на изградбата на висококатниците спроти хотелот „Холидеј Ин“, а дел од архитектите обвинија дека ќе биде изградено бетонско чудовиште.

Архитектот Пановски тврди дека проектот е со пешачко движење, отворена комуникација кон плоштад и зеленило.

Богдановиќ: Во оваа ситуација, за жал, ќе мора да се издаде одобрението за градба кај „Холидеј Ин“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот