Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство

Вториот мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство на Република Северна Македонија ќе биде презентиран денеска во Скопје од Институтот за човекови права, СКУП Македонија и Медиум.

Извештајот, како што најавуваат организаторите, содржи информации за надлежностите на Државното правобранителство и тоа во областа на заштитата на имотните права и интереси на РСМ, особено во постапките за отуѓување на градежното земјиште, постапки за експропријација, денационализација со фокус на постапката во управен спор, мониторинг на судски постапки во кои Државното правобранителство се јавува како застапник по закон на РСМ и/или државните органи со посебен акцент на споровите од работен однос како и посебен осврт на институтот вонсудска спогодба.

Мониторингот на работата на Државното правобранителство е во рамките на проектот „Заедно во борба против корупција” поддржан од Европската Унија и претставува прво надворешно следење на работата на овој орган од аспект на транспарентност, отчетност и ефективност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот