Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство – Слободен печат
ВестиМакедонија

Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство

Извештајот, како што најавуваат организаторите, содржи информации за надлежностите на Државното правобранителство и тоа во областа на заштитата на имотните права и интереси на РСМ

Вториот мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство на Република Северна Македонија ќе биде презентиран денеска во Скопје од Институтот за човекови права, СКУП Македонија и Медиум.

Извештајот, како што најавуваат организаторите, содржи информации за надлежностите на Државното правобранителство и тоа во областа на заштитата на имотните права и интереси на РСМ, особено во постапките за отуѓување на градежното земјиште, постапки за експропријација, денационализација со фокус на постапката во управен спор, мониторинг на судски постапки во кои Државното правобранителство се јавува како застапник по закон на РСМ и/или државните органи со посебен акцент на споровите од работен однос како и посебен осврт на институтот вонсудска спогодба.

Мониторингот на работата на Државното правобранителство е во рамките на проектот „Заедно во борба против корупција” поддржан од Европската Унија и претставува прво надворешно следење на работата на овој орган од аспект на транспарентност, отчетност и ефективност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close