Презентација на истражување за потребите на младите во Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров

Здружението на граѓани „Младите можат” денеска ќе ги претстави резултатите од истражувањето „Потребите на младите на локално ниво”, спроведено во општините Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров.

Истражувањето е спроведено во три скопски општини: Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров, во декември минатата година, и како што информираат од „Младите можат” ги сумира резултатите од квалитативната и квантитативната анализа во пет области: волонтерство и граѓански активизам; предизвици на младите во општината; младински политики и застапување; отвореност и поддршка на општините за млади и младите во време на пандемијата ковид-19.

Презентацијата на резултатите ќе биде преку платформата „Зум”. а, како гости говорници на настанот, организаторите ги најавуваат градоначалниците на трите општини – Стефан Богоев, Александар Наумоски и Златко Марин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот