Фото: Јутјуб

Превртен камион со амонијак во Илиноис: Најмалку пет мртви, населението евакуирано

Најмалку пет луѓе, меѓу кои две деца, загинаа, а уште пет се повредени при превртување на камион од кој истече амонјак, во американската сојузна држава Илиноис.

По несреќата локалното население било евакуирано, пренесува АП.

Според судскиот советник од округот Ефингем, Ким Родс, тројцата загинати се членови на исто семејство. Две од нив се деца под 12 години.

Родс додаде дека загинале и двајца возрасни возачи.

Петмина од повредените со хеликоптер се префрлени во блиските болници, а нивната состојба засега не е позната.

Несреќата, во која учествувале неколку возила, се случила синоќа околу 21 часот и 25 минути на околу 800 метри источно од градот Тутополис, соопшти државната полиција на Илиноис.

Како што претходно беше соопштено, дошло до истекување на безводен амонијак, кој е токсичен и може да претставува опасност по здравјето доколку не се почитуваат процедурите за безбедно ракување.

Вдишувањето на безводен амонијак може да предизвика иритација на белите дробови до тешки респираторни повреди, со можна смрт при повисоки концентрации.

Како што претходно беше соопштено од надлежните, дошло до истекување на безводен амонијак, кој е токсичен и може да претставува опасност по здравјето доколку не се почитуваат процедурите за безбедно ракување.

Вдишувањето на безводен амонијак може да предизвика иритација на белите дробови до тешки респираторни повреди, со можна смрт при повисоки концентрации.
Безводниот амонијак е исто така корозивен и може да ја изгори кожата и очите.

Тутополис се наоѓа на околу 150 километри југоисточно од Спрингфилд, главниот град на Илиноис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот