Превозниците да водат сметка за бројот на патници, во автобус само со маска

јсп автобус
Автобус на ЈСП /фото: Архива на Слободен печат
Граѓаните кои ќе користат јавен превоз мора да носат заштитни маски, а автобусите задолжително редовно да се дезинфицираат.
Превозниците треба да водат сметка и за бројот на патниците што ќе се превезуваат, а максимална искористеност, според владината уредба, е до 50 отсто од капацитетот на возилата.
ЈСП Скопје соопшти дека поради зголемениот број на новозаразени со Ковид-19, од денеска е укинат бесплатниот автобуски превоз за пензионерите во вторник, петок, сабота и недела, што беше воведен минатата недела.
Автобусите на ЈСП Скопје” сообраќаат во текот на целиот ден без временско органичување, по саботен возен ред

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот