Превод од старогрчки јазик: Патување на Месечината во вториот век

Издавачката куќа „Или-Или“, во едицијата „Арго“, го објави делото „Вистинска приказна“ напишано од Лукијан од Самосата. Станува збор за старогрчки автор со сириско потекло од II век. Историјата му припишува импресивен книжевен опус од 82 дела: дијалози, беседи, посланија и философско-сатирични наративни дела.

„Вистинска приказна“ е едно од неговите најпознати и најчитани дела. Претставува типичен жанровски хибрид, во кој се измешани елементи на авантуристички роман, сатира, научна фантастика и пародија. Со врвно јазично и стилско мајсторство и со исклучителна имагинација, Лукијан нè води на возбудливо патување на Месечината, во утробата на еден кит, во подземниот свет, на Островот на блажените и на многу други попатни места, на кое нè запознава со различни вонземни облици на живот.

Според многумина, „Вистинска приказна“ е првиот научнофантастичен роман во историјата на западната книжевност. Бил книжевна предлошка за многу подоцнежни дела, меѓу кои „Гуливеровите патувања“ на Џонатан Свифт, „Патување на Месечината“ на Сирано де Бержерак, „Mikromégas“ на Волтер, како и за „Патувањето на Пантагруел“ во четвртата книга за Пантагруел на Франсоа Рабле. Преводот на „Вистинска приказна“ од старогрчки на македонски јазик го направи Светлана Кочовска Стевовиќ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 72, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 13-14 март 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот