Превкусна крцкава пита со тиквички и млад кромид

Бурекот, кој често го јадеме за појадок, понекогаш би можеле да го замените и со нешто малку поинакво… Јогуртот, нормално, се подразбира.

За подготовка на крцкава пита со тиквички и млад лук потребно е:

– ½ килограми тенки кори
-1 млада тиквичка
– 1 врзопче млад кромид
– 100 грама кисела павлака
– 100 грама шунка
– 1 јајце
– сол и бибер
– масло

Подготовка:

Тиквицата изрендајте ја заедно со кората, доколку е свежа и навистина млада, и посолете ја. На масло запржете го кромидот, додадете ја на коцки исецканата шунка и исцедената тиквичка која отстоила барем 10 минути во сол и цедалка.

Тргнете ја смесата од шпорет, додадете павлака, јајце, бибер и се добро измешајте.

Раширете ја првата кора, премачкајте со тенок слој од преливот (не претерувајте за да не биде влажна), додадете ја одозгора другата кора и неа намачкајте ја со прелив.

Завиткајте ги краевите па завиткајте во ролна. Плехот обложете го со хартија за печење или со четка премачкајте го со масло.

Редете ги ролничките во плех се до трошење на материјалот. Премачкајте ги ролничките со масло и ставете ги во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути се додека добро да заруменат.

Пресечете ја питата додека е топла и послужете ја со кисело млеко или јогурт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот