Превентивна кампања на СВР Охрид: ,,Лето без пожари“

Секторот за внатрешни работи Охрид, преку отсекот за превенција, а во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица Охрид,  денеска и утре ќе ја реализираат превентивната кампања ,,Лето без пожари“.

За таа цел, вечерва (27.07.2019) од 19 часот, на градското пристаниште ќе биде изведена показна вежба и демонстрација на опремата со која располага ППЕ и ДЗС.

На поставените штандови ќе се делат флаери, брошури и друг едукативен материјал за превенција од пожари на отворен простор.

Кампањата ќе продолжи утре од 09 до 11 часот на плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот