Превентивна и едукативна активност за заштита на граѓаните од пандемијата реализирана од СВР Скопје во соработка со ЈСП Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈСП Скопје денеска (17.06.) во скопската населба Влае, односно на автобуската постојка кај мостото “Влајко“ реализираа превентивни активности во насока на справувањето со актуелната пандемија од ковид 19. Притоа беа делени заштитни маски, со кусо информирање на граѓаните за оваа заштитна мерка донесена во рамки на владините уредби и одлуки за справување со епидемијата. Оваа превентивна активност насочена  примарно  кон граѓаните кои што ги користат услугите на ЈСП Скопје ќе продолжи во наредниот период.

Инаку превентивните активности имаат за цел подигнување на јавната свест, а целокупната кампања има едукативен карактер, и тие ќе траат се додека се на сила мерките и одлуките на Владта на РСМ по однос на справувањето со епидемијата од ковид 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот