Преведена литература: Романот „Не паркирај гаража“ од Трајче Кацаров излезе на украински јазик

Издавачката куќа „Твердина“ од Луцк, Украина, на украински јазик го објави краткиот роман за деца „Не паркирај гаража“ на македонскиот писател Трајче Кацаров. Ова е трето дело, а втора книга, на Кацаров преведено на украински јазик. Претходно беа преведени збирката драмски текстови „Цурки палки“, или „Чалик-чамак“, и пиесата „На клупата“, која воедно имала и сценска изведба во театарот „Мист“ во Киев. Преводот на романот е на Ана Багријана. Илустрациите се на седумгодишната сликарка – ќерка на преведувачката, Оксана Черњаева.

Романот „Не паркирај гаража“ е интересна и впечатлива книга за деца во која се опишани доживувањата на лутаткото Туфе Џинката. Тој е роден во Чушкоград, кој, пак, се наоѓа на јужната хемисфера на планета Феферона. Во предговорот кон книга, во украинското издание, е дадено објаснување зошто Џинка е „лутко“ и што сѐ може да значи овој збор во македонскиот јазик. Во македонскиот јазик зборот „лут“, за разлика од украинскиот, има неколку значења: остар, горчлив, како и строг, гневен, бесен… За романот „Не паркирај гаража“, авторот Кацаров ја доби наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ за најдобра книга за деца за 2019 год. Преводот на публикацијата е овозможен со финансиска поддршка на Министерството за култура на РСМ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 77, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-18 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот