Преубави, но СМРТОНОСНИ: Овие растенија можат да убијат!

Некои растенија се толку убави што е неверојатно што всушност можат да убијат човек само со еден лист.

Ова е листа од четири вакви растенија, а некои од нив се многу чести во нашите дворови:

Нарцис

Сите делови од ова растение се отровни, а особено коренот. Во минатото, тој ги потсетувал луѓето на кромид и често по грешка го јаделе, а потоа имале мачнини и грчеви, а некои умирале од срцева аритмија. Неговиот мирис во затворена просторија може да предизвика мигрена и повраќање.

Есенски шафран

Оваа билка содржи отрови кои може да дејствуваат дури и со помирисување на цветот. Доколку сте долго изложени на дејството, може да почувствувате температура, дијареја и болки во стомак. Ако не побарате помош од лекар може да дојде до откажување на некои органи.

Пурпурен дигиталис (ѕвончиња)

Високата билка со виолетови цветови е многу декоративна, но ако на каков и да е начин се внесе во организмот, може да предизвика низок пулс, мачнина, срцева аритмија или застој на работата на срцето, а во најлош случај и инфаркт.

Момина солза (ѓурѓевак)

Овој цвет има опоен мирис и е многу декоративен, но содржи и многу отровни соединенија. Во него има дури и 38 различни отрови, кои можат да предизвикаат низа симптоми на труење, осип на кожата и заматен вид. Не изложувајте деца на ова цвеќе.

Време е за пролетно уредување на дворот: Најубавите идеи за градината и терасата! (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот