Преубавата жена на Харис Џиновиќ во реално шоу на „Ем-ти-ви“ (ФОТО)

Фото: Приватна архива

Популарната модна креаторка Мелина Џиновиќ, инаку сопруга на популарниот пејач Харис Џиновиќ наскоро ќе се појави во американското „MTV“.

Имено, дизајнерката неодамна се врати од Флорида каде учествуваше во популарната реалити програма „Сијеста Ки“, која веќе трета сезона се емитува на овој телевизиски канал.

Оваа тв-серија ја следат трите атрактивни девојки Џулиет Портер, Келси Овен и Медисон Хаус, како и нивните секојдневни предизвици во професионалниот и приватниот живот, а интересно е тоа што во третата сезона, за која се очекува да биде најгледана, се појавува и Ешли Хатсон, која во Америка е многу позната во модниот свет.

Фото: Приватна архива

Мелина е повикана да се глуми самата себе, односно креаторка која за главните актерки и нивните пријатели организира модна ревија во нивната вила на Флорида. Иако секоја епизода се работи по сценарио, на сопругата на славниот пејач Харис Џиновиќ и било дозволено сама да ги креира своите сцени. Епизодата во која Мелина се појавува ќе се емитува во јуни 2020 година, а снимањето траело два дена по дванаесет часа.

Фото: Приватна архива

– Иако овој проект ги вклучува сите реални сегменти на мојата работа, не пресеков одма и не ја прифатив понудата. Далеку од тоа дека не ја сфатив важноста на повикот и колку е голем тој предизвик за мене, но да бидам искрена, за првпат почуствував страв дали добро ќе одговорам на задачата, особено што се работи за продукцијата на „MTV“ – изјавила Мелина Џиновиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот