Преубавата навивачка од Светското првенство во фудбал во Русија, бара маж за во карантин! (ФОТО)
Руската манекенка Мариа Лиман, која во 2018 година привлече внимание на Светското првенство во Русија, сега бара маж со кој би сакала да биде во изолација.
Лиман пред две години навиваше за руската репрезентација, а по првенството се пресели во Лондон, каде сега ја затекна пандемијата на коронавирусот.
– Барам згоден партнер, кој не е заразен со коронавирус, за да се изолира со мене во следните три месеци и да се забавувавме во карантин – порачала манекенката на Инстаграм, каде ја следат половина милон луѓе.
Во втората објава повика „храбар, згоден маж“ да ја спаси од пандемијата.
– Оваа заспана убавица го чека својот принц во заложништво. Каде е тој храбар, згоден маж кој ќе го победи коронавирусот и ќе ме спаси? Побрзај! – напишала таа.