Претставник на ОБСЕ во шок од повикот за насилство врз новинарите на БИРН

Арлем Дезир,  кој е претставник на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за медиуми, синоќа на социјалните мрежи напиша дека е шокиран од објавената видео снимка на интернет, која е „отворен повик на насилство врз новинарите на БИРН Србија и Слободан Георгиев“.

– Шокиран сум од видеото што е поставена на интернет и претставува отворен повик против новинарите на БИРН Србија и Слободан Георгиев. Прикажувањето на новинари како предавници во Србија може сериозно да ја загрози нивната безбедност. Ги повикувам полициските власти под итно да го истражат случајот – напиша Дезир на Твитер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот